„Не е возможно толку да боли“, е реченица која сигурно поминала низ главата на секој маж, кој барем еднаш во животот слушал жена која вели дека не сака депилација со восок.
Двајца храбри припадници на посилниот пол одлучиле на нивна кожа да проверат колку боли депилацијата. За да не се повредат со врел восок, лентите им ги лепела козметичарка, а потоа еден на друг си ги повлекле лентите.
„Можеби ќе се чувствувате како со лентата да ви излегува дел од кожата“, им рече козметичарката.
Урнебесните реакции на двајцата „јунаци“ по повлекувањето на лентите, можете да ги проследите на видеото.