Како лечи храната

Кога имате одредени тешкотии, не е сеедно што ќе јадете, бидејќи одредени намирници можат да олеснат, а други да го искомплицираат проблемот.

Погледнете која храна може да ви помогне, а која треба да ја избегнувате.

Здравјето доаѓа преку устата, вели една народна поговорка, а дека храната може да биде лек, потврдува праксата. Не е сеедно што ќе јадете во ситуации кога ве боли главата, стомакот, мускулите, бидејќи одредени намирници можат да ги олеснат тешкотиите, а други да го искомплицираат проблемот.

Дијареја

Се препорачуваат банани, грав, тост, крекери, пилешко, а избегнувајте мастики, јаболки, броколи, зелка, лук, алкохол и кофеин.

Болка во грлото

Ќе ви помогне топол чај од нане, супа, пире, јогурт, кајгана. Избегнувајте топли напитоци и чипс, лешници, а грлото може да го изиритира лимонада, џус и сок од грејпфрут.

zp-hrana-MALA

Главоболка

Водата е на прво место, бидејќи причинител на голем број главоболки е дехидрираноста. Може со помош на кафе во помала количина, но водете сметка да пиете вода за да не останете дехидрирани. Не се препорачува хит – дог, соја сос, црвено вино, сушено овошје, сувомеснати производи.

Осип

Консумирајте намирници богати со протеини и омега-три масни киселини, а избегнувајте лешници, чоколада, риба, домат, јајце, соја, брашно и млеко бидејќи најчесто предизвикуваат осип.

Болки во телото

Вистински избор се намирници богати со магнезиум, како оревскати плодови, банани, грав. Добри се и оние кои изобилуваат со калциум, како лосос, јогурт, зелени салати. Болките во мускулите ги отежнува сето она што го дехидрира организмот, особено алкохол и кофеин.

- Реклама -