Со помош на овој трик, вашето месо секогаш ќе биде сочно, ароматично и вкусно.
Кога и да правиме мешавина за меленото месо, најчесто се наслонуваме на искуството кога е потребно да ја додадеме соодветната количина на зачин – сол, бибер, кромид или лук итн.
Меѓутоа, ако подготвуваме некоја поголема количина, подобро е прво да ја испробаме зачинетата мешавина, па дури потоа со неа да ги наполниме, пиперките, сармите, тиквичките.
Кога ќе ги додадете сите посакувани зачини, направете мало, тенко ќофте и испржете го на брзина, така најдобро ќе оцените дали мешавината е по ваш вкус, или ќе треба да додадете или одземете нешто.