Утринските навики на неколку бизнис лидери

Додека голем дел од „обичните смртници“ стануваат од креветот или се нишкаат изморени наутро, најуспешните бизнис лидери во светот  создале навика да ги започнуваат деновите со продуктивна енергија, барем така тврдат тие.

Претприемачите, генерално, стануваат рано, според податоците собрани од британскиот производител на кревети Dreams.

Џек Дорси, Лорд Алан Шугар, Тори Берч и Тим Армстронг, на пример, стануваат пред шест часот наутро.

Спортувањето изгледа е другото редовно нешто што го прават бизнисмените во утринските часови. Ричард Бренсон сака да го започнува денот со пливање, сурфање или тенис, додека Шугар преферира да вози велосипед.

Здравата ужина исто е од клучно значење за одржување на енергетските нивоа во текот на денот, иако менито во куќата на телевизискиот продуцент Сајмон Кауел е исклучително чудно. Секое утро тој го притисока снууз копчето на алармот по два пати пред да му биде сервирана топла вода со лимон, сок од папаја, каша и чај. Погледнете што прават наутро луѓето како Марк Зукерберг, Питер Џонс и Аријана Хафингтон:

Марк Закерберг, творец на Facebook

Марк станува во 8 часот, кога не работел во текот на целата претходна ноќ. Тој носи ист тип маици секој ден, за да заштеди време при изборот на облека.

 „Не сум кул човек и никогаш не сум се обидувал да бидам кул“, вели Зукерберг.

Ричард Бренсон, основачот на Virgin Group

Бренсон плива околу својот остров ​​или игра тенис, пред да појадува здрав појадок.

 „ Ги оставам завесите кренати и сончевата светлина се пробива низ прозорецот во 5:45 наутро, осветлувајќи го моето лице. Обожавам да станувам рано “, вели Бренсон.

 Џек Дорси, коосновач на Twitter

Дорси станува во 5.30 часот, за да медитира, по што трча речиси 10 километри.

 „Очекувајте го неочекуваното, а кога е можно, бидете вие токму тоа – неочекуваното“, советува Дорси.

Лорд Алан Шугар, бизнис магнат

Кога не патува, Шугар вози по 80 километри велосипед низ англиската провинција.

 „Не ми кажувајте дека сте исти како мене. Не сте како мене, јас сум уникатен “, вели Шугар.

Тори Берч, моден дизајнер и основач на Burch LLC

Таа станува во 5.45 часот, по што ја проверува службената пошта. Потоа ги буди трите момчиња и спортува по 45 минути.

Питер Џонс, инвеститор и учесник во реалниот пренос на BBC Dragon’s Den

Туш, бричење и чинија житен појадок во рок од 20 минути. Потоа Џонс зграпчува чаша капучино и ја проверува продажбата на пат кон работното место.

„Кога бев тинејџер, веќе знаев дека ќе бидам милионер”, вели Џонс.

Тим Армстронг, претседател и извршен директор на AOL

Армстронг станува во пет часот за да спортува, пред да започне да тестира производи и да испраќа службени пораки.

 „Спортувам кога ќе станам. Сепак, не сите се движат по мојата програма, па се обидувам да почекам најмалку до 7 часот “, вели Армстронг.

Сајмон Кауел, основач на X Factor

Секое утро Кауел го притиска снууз копчето два пати пред да му биде сервирана топла вода со лимон, сок од папаја, каша и чај.

 „Сакам да се будам во добро расположение и да го очекувам она што претстои” споделува Кауел.

Аријана Хафингтон, основач на Huffington Post

Аријана спие многу и секое утро медитира по 30 минути. Таа е толку убедена во придобивките од сето тоа што нуди неделни курсеви на своите вработени.

 „Време е во сон да се вежба патот до врвот”, се зборови на Хафингтон.

Текстот е објавен во соработка со VIA Marketing.

- Реклама -