Германскиот технолошки гигант посвети поголемо внимание на бришачите за возила и лансира новина која го носи името Jet Wiper, кои имаат многу предности во однос на класичните изведби.
Добриот преглед на патот е основа за безбедноста во сообраќајот и затоа различни компании посветуваат внимание на овој проблем. Новиот систем за чистење на стаклата од Bosch се состои од погон, течност Aerotwin и иновативни бришачи Jet Wiper. Со овој систем веќе е целосното опремена новата верзија Volvo XC 90, која пристигнува наскоро на пазарите ширум светот.
Bosch Jet Wiper имаат огромни предности, благодарение на вградените во бришачите млазници кои ја распространуваат рамномерно течноста. Таа доаѓа до нив преку канали кои се интегрирани во „носачите“ на бришачите и се распрскува во непосредна близина на истите, кои еднакво ја распределуваат по стаклото. Покрај оптималност во чистењето, важен сегмент е што вака опремениот систем штеди и околу 50% од потрошувачката на течност.