Возрасните имаат неколку начини за опуштање и избегнување на досада. Но што е со децата?
Кога на децата им е здодевно тие немаат пристап до многу от методите кои ние ги користиме. Освен со шеќер децата не можат да ги манипулираат своите мозоци. Но има решение кое е многу поздраво за децата: хорор филмови. Децата можат да се дрогираат со страв.
Но потребен е специфичен тип на страв. Но голем дел од модерните приказни се недоволни, немаат „заби“. Без оглед колку фантастична и страшна е акцијата, таа секогаш завршува со поука и крај на негативецот. Дури и бајките собирани од браќата Грим преполни со канибализам, касапење и вештерки се страв кој завршува со поука. Слушај ги родителите, не дозволувај волк да ја изеде баба ти. Здодевно.
Трикот е да се најдат добрите приказни. Холивуд е исплашен од страв – толку исплашен што ужасот го претвара во адреналин, претворајќи ги потенцијалните хорори во акциони филмови или – уште полошо – љубовни приказни. Како е можно новиот филм Hansel & Gretel: Witch Hunters да не се претвори во серија борби?
Snow White and the Hunstman е јасно наменет за 16 годишници фанови и плашливи 30 годишници кои сакаат да видат бакнежи помеѓу Бела од Twilight и Тор. Дозволете им на децата да го читаат „Дракула“ на Брем Стокер пред да се подготвени. Нека го украдат Стивен Кинг од полицата и дозволете илустрациите на Морис Сендак за In the Night Kitchen да ги исплашат.
Покажете им го потценетиот Corpse Bride на Тим Бартон или адаптацијата на Нил Гајман на Coraline. Тие се наменети за деца но ќе ве исплашат. „Децата можат да се справат со многу работи“ вели уметникот Дејв Мекин кој придонел доста потресни илустрации за книгата Coraline. „Моето искуство е дека тие се добри во авто цензура. Ако нешто им е непријатно тие обично знаат и го избегнуваат.“ Клучот е страв без опасност.