Четири двојки кои биле пријатели повеќе од 20 години, одамна имале голема желба да живеат што поблиску едни до други, но и поблиску до природата. Токму затоа, одлучиле да ги соединат нивните пари и да изградат малечок град само за нив.
Ваквиот проект го нарекле „Llano Exit Strategy“, а вклучува четири мали кабини сместени покрај реката Лано, која се наоѓа на излезот на Остин, Тексас. Секоја кабина грубо пресметано чини околу 40.000 долари, а биле креирани од страна на дизајнерот Мет Гарсија.
Во малите домови има брачен кревет, софа, бања, и тераса. Брановиден рефлексен челик поставен на надворешноста ги одбива сончевите зраци, и воедно им помага на жителите да одржат пријатна температура за време на топлите денови.
Во околината на ова магично место можат да се пронајдат наразлични видови на диви животни и птици. Вистинско уживање за љубителите на природата.