Вкусот на шампињони во кремаст сос ќе ги направи овие шницли незаборавен ручек.
Состојки:
1 кг. телешки шницли
3 јајца
4 лажици брашно за поховање
700 г. шампињони (исецкани на ливчиња)
2 главици ситно сецкан лук
700 мл. слатка павлака
3 лажици масло
сол, бибер
Подготовка:
1. Испоховајте ги шницлите. На масло, испржете лук, додадете шампињони, зачинете со сол и бибер.
2. Во подмачкана тепсија наредете ред шницли, ред фил, се додека не се потроши сиот материјал. На крајот нанесете слатка павлака и запечете.
3. Ова јадење најчесто се служи со крокети од компири.