Утринското кафе, студениот туш и дрдорливите радио водители се добар рецепт за убав почеток на утрото. Ама утринскиот секс е уште подобар од сите нив заедно. Еве неколку причини зошто токму така треба да ви изгледа стартот на денот:
1. Зошто па да не?
Голи сте, попалени и во кревет сте. Според околностите, утринскиот секс би требало да е задолжителен, а не опционален.
2. Спонтаноста е секси
Утринскиот секс е украден момент. Наместо да поминете часови местејќи ја косата, бирајќи ја перфектната облека за тој ден или барајќи го аголот од кој вашиот целулит најмалку се забележува – зар не е подобро да се „фатите за работа“?
3. Набрзинка
Понекогаш, жените не сакаат предолга предигра – сакаат само оргазам. Тоа што ризикувате да ви избега автобусот значи дека утринскиот секс би значек искористување на моментот, преоѓајќи веднаш на најважниот дел.
4. Ќе бидете посреќни
Кога ќе постигнете оргазам, вашето тело ќе се исполни со окситоцин. Тој ве прави посмирени и порелаксирани. Сте забележале како некои луѓе „блескаат“ наутро? Има причина за тоа.
5. Супер е за линијата
Сексот согорува 144+ калории на 30 минути. Подобро отколку да трчате на лента.
6. Ќе бидете поздрави
Добриот секс ќе ви го зголеми нивото на IgA – антитело што ве брани од инфекции. Ќе заштедите илјадници на суплементи и лекови.
7. Бидете немирни
Утринскиот секс му доаѓа нешто како да пиете шампањ во пижами, или да јадете чоколадо додека лежите во кревет. Сексот пред да одите на работа делува како да ги прекршувате правилата, а тоа е секогаш забавно и адреналинско доживување.
8. Наутро сте најсекси
Неуредната коса, замачканата шминка, меката кожа, поспаниот глас – главно, и мажите и жените се посекси рано наутро.
9. Мажите се во топ форма
Додека мажите спијат, им се наталожува тестостерон во телото, кој го достигнува врвот токму наутро. Знаете што значи тоа. Од друга страна, спонтаната и силна ерекција во 6.30 наутро е штета да се пропушти заради било кој од актерите.
10. Цел ден ќе си фантазирате
Ако така ви започне утрото, ќе си се присетувате на убавината преку целиот ден, а веројатно и ќе сакате уште па ќе си фантазирате за вечерта. А ако и двајцата фантазирате, се знае што ве чека кога ќе се сретнете.