Мистеријата на екстра дупчето за врвки на патиките за трчање

Иако врзувањето на врвките е една од првите животни вештини ги учиме уште додека сме деца, многумина ќе се најдат во небрано ако им наложите да го искористат она екстра дупче за врвки на спортските патики. Што по ѓаволите бара таму?

Ова просветлувачко видео многу добро ќе ни објасни што е целата работа со екстра отворот што обично го избегнуваме. Имено, токму низ тоа дупче треба да се протне врвката, креирајќи јамка низ која ќе поминува спротивниот крај, сето ова уште пред да ја врземе. Поентата е да се создаде тн. „The Lock“, или по нашки „катанец“. Насетувате, неговата улога е да го спречи движењето на стапалото во патиката, да ја „заклучи“ петата на вистинското место и да спречи удирање на прстите во предниот дел на обувката. Сето ова води кон постабилно газење, намалување на ризикот од повреди на стапалото, поудобно трчање и (можеби најважно) отсуство на плускавци.

- Реклама -