Корисни совети и трикови за ниските девојки

Гледајќи ги светските модни писти и високите манекенки секоја жена посакува да е барем неколку сантиметри повисока.

Девојките со низок раст често прават грешки при облекувањето и изборот на асесоари и со тоа изгледаат уште пониско отколку што навистина се. Во продолжение погледнете како визуелно да ја издолжите својата фигура.

При изборот на облека или обувки, се прават најчестите грешки. Со цел обувките да ве издолжат за 12 сантиметри, постигнувате само спротивен ефект. Наместо нив, изберете некои обувки кои што имаат оптимална потпетица ( да е повисока од 5 сантиметри), никако оние во кои ќе изгледате како да сте се качиле на штаки. Особено, избегнувајте чизми над колената. За кежуал варијанта, не бирајте рамни обувки. Идеални за вас се оние на платформа, која не смее да биде премногу висока. Во тренд се и спортските патики со платформа.

images

Кога се во прашање фармерките или панталоните, немојте да носите такви чија што должина е под колената. Тој модел е резервиран за жените со висок раст. Наместо нив носете кратки здолништа или шорцеви, како и облека со исправени линии кои визуелно ги издолжуваат нозете. Доколку сте ниски и слабички, тогаш секако носете кратки модели, никако широки или вреќасти дневни предмети.

Прочитајте и:  Имунолог тврди дека никогаш не треба да правиме една работа кога сме настинати

tibi-mint-skirt-sydney-street-style

Кога се маиците, кошулите, капутите и јакните во прашање, бирајте модели кои се долги до половината. Сите долги модели ќе ви ја скратат фугурата и ќе ве „поклопат“. Бирајте облека која е во иста нијанса (горниот и долниот дел) и потрудете се ременот да биде усогласен.

New-Beautiful-Leather-Winter-Jackets-Collection-2014-For-Women’s-7

Крупниот накит избегнувајте го. Наместо тоа, бирајте дискретни детали. Тоа важи и за очилата. Особено обрнете внимание на изборот на чанта. Големите чанти не им прилегаат на ниските жени. Потрудете се да пронајдете некоја помала димензија која ќе биде во согласност со вашата фигура.

bag-celine-details-fashion-jewelry-Favim.com-412206

И за крај – доколку се двоумите дали да ја скратите должината на вашата коса, запаметете дека кратките фризури им стојат најдобро на оние кои се ниски, а ако сакате да имате долга коса освежете го изгледот со некое високо опавче или пунџа.

copenhagen-street-style-emma-b

- Реклама -