Тајландското Министерство за здравство повторно најде начин како да ги шокира пушачите. Новата кампања, која има за цел да ги поттикне луѓето да ги остават цигарите, е навистина застрашувачка.
Рекламата која овие денови се емитува на тајландските телевизии прикажува црна течност која потсетува на мастило и со кое е напишано: „Овозможете им на вашите бели дробови повторно да дишат“.
Црната течност од рекламата буквално е направена од белите дробови на починати пушачи, кои се донирани за научни цели.
„Мастилото од црни бели дробови“ е флаширано и раздавано на јавни места, а уметниците и калиграфите на неколку јавни настапи создавале слики и пораки кои ги инспирираат луѓето да ги остават цигарите.