Бамја, исто така позната како дамски прсти, е растение од тропската и топла клима која произведува јадливи зелени мешунки.
Малку незрелите плодови рачно се собираат и се подготвуваат на различни начини за да ги комплетираат традиционалните оброци на многу култури.
Бамјата (науч. Abelmoschus esculentus) се верува дека поседува изобилство на здрави придобивки, и во тек се истражувања во нејзиниот потенцијал да помогне со дијабетесот. Запознајте го подобро овој неверојатен зеленчук и научете како да го одберете и употребете за да ја сочувате неговата богата хранлива вредност.
10 здраствени придобивки на јадењето бамја:
1. Има ниско ниво на калории- бамјата содржи само 30 калории во 100 грама и често се препорачувани како дел од програмата за слабеење.
2. Не содржат заситени масти и холестерол.
3. Можат да помогнат да се стабилизира шеќерот во крвта со забавување на неговата апсорпција од цревата.
4. Содржи многу растителни влакна и делува како природен лаксатив кој може да ви помогне природно да се ослободите од тврдата столица. Парчињата се богати со супстанцата mucilage (лепило од растително потекло), која е дебела, леплива супстанца која го подмачкува дебелото црево и помага при елиминација. Влакната на бамјата, исто така, ги храни корисните бактерии во цревата (пробиотици) и помага во одржување на pH рамнотежата на вашиот дигестивен тракт.
5. Таа е богата со витамин А и други антиоксиданти- зелените плодови содржат бета-каротин, лутеин ии ксантин, кои заедно со витаминот А помагаат во зачувување на добриот вид и ја одржуваат кожата свежа и здрава. Бамјата е поврзувана со спречување на катаракта и е фалена за спречување на појава на митисери и акни.
6. Поради изобилството на антиоксиданси и растителни влакна, некои ја поврзуваат бамјата со превенција на рак, особено превенција на колоректален карцином.
7. Таа е богат избор на витамин Ц, кој помага со имунитетот на телото- бамјата е поврзана со превенција на кашлицата и настинката. Бидејќи витаминот Ц има и анти-воспалително својство, бамјата може да биде добра за намалување на симптомите на астма.
8. Таа содржи фолати- 100 грама бамја обезбедува околу 22% од препорачаната дневна количина. Фолатите (фолна киселина) се особено значајни во период пред забременувањето и за време на почетокот на бременоста, и помага во спречување на дефекти при раѓањето. Храната богата со фолна киселина, исто така, помага во чистење на белите дробови.
9. Бамјата е добар избро на минерали, вклучувајќи го железото, калциумот, магнезиумот и манганот.
10. Содржи витамин К, кој е важен за здравјето на коските и игра голема улога во згрутчување на крвта.
Како да се користи бамјата:
Влакнестите плодови, долги 5-15 сантиметри се најдобри кога се јадат свежи и малку несозреани. Ако купите парчиеа кои биле оставени на растението премногу долго, тие стануваат тврди и немаат убав вкус. Избегнувајте ги оние кои изгледаат испиени и суви и имаат дамки во друга боја или засек.
Ако е можно, јадете ги на денот на купувањето. Тие, исто така, можат да бидат чувани во фрижидер 1-2 дена. Измијте ги плодовите пред да ги користите, бидејќи можно е да биле изложени на пестициди и хемикалии.
Некои претпочитаат да се отстранат врвовите од двете страни, додека други го користат целиот плод.