Mу се смееле за бизнис идејата, а денес заработува 500 милиони долари

Луѓето со децении си праќаат сентиментални пораки со помош на букет цвеќе и картица.

Тоа тешко ќе се промени.Ова го изјавил во 1999 година Тарик Фарид, сопственик на продавница за цвеќе, кога ја претставил идејата наречена Edible Arrangements.

Фарид почнал да се забавува со идејата за букет со цвеќе и парчиња ананас. Тогаш му рекле да се придржува кон цвеќињата и да се повлече од идејата со плодовите. Кога сепак создал букет од најубаво аранжирано овошје дома, мајка му била восхитена и тоа било целосно охрабрување, од кое  што тој имал потреба, за да започне нов бизнис.

Кога им раскажал за идејата на своите колеги, чие што мислење го почитувал, тие му се насмеале. Фарид сметал дека од неа едвај ќе излезе успешен бизнис, но во себе чувствувал дека треба да се обиде.  Денес неговата компанија се проценува на 500 милиони долари и има над 1 200 франшизи. Неодамна беше рангирана на 40-то место во светот во Топ 500 на списанието Entrepreneur.

Фарид вели дека научил важна лекција, додека добивал негативни мислења од експерти, но позитивни од клиентите, до чие што мислење се држел – „Не треба да се плашиш, кога срцето твое сака нешто. Насоката која тогаш те движи, е онаа вистинската.“ Тој прецизира дека не секој совет треба да се занемарува. Но советот мора да биде прифатен како насока, а не како нужна вистина. Тоа што некој е успешен во бизнисот, не секогаш значи дека ќе ти даде најдобар совет.

„Често овие луѓе не се поголеми експерти од мајка ти”, се шегува тој.

Текстот е објавен во соработка со Via Marketing.

 

- Реклама -