Колку е мала нашата скапоцена планета?

За сите нас, жителите на нашата планета, земјите во кои живееме и проблемите кои ги имаме, изгледаат огромни. Ретко размислуваме за бесконечноста на универзумот и колку ситни сме всушност ние.

„Веројатно нема подобар доказ за глупоста на човечката суета од една слика на нашиот свет, погледната од далеку“, вели астрономот Карл Саган.

„За мене оваа слика ја нагласува одговорноста да се однесуваме пријателски еден кон друг и да ја браниме и негуваме оваа бледа сина дамка на која што живееме – единствениот дом кој некогаш сме го познавале “, пишува тој во својата книга „бледа сина дамка“.

Но колку точно помала е земјата од останатите небесни тела во вселената? Сајтот од САД Business Insider нуди неколку фотографии кои даваат одговори на ова прашање. Погледнете…

1

Од оваа слика направена од вселенскиот апарат „Касини“, станува јасно како изгледа Земјата (каде што е малата бела стрелка) од 1 445 000 000 километри оддалеченост.

2

Сателитот на Јупитер, Јо, е геолошки активен објект во Сончевиот систем – тој има над 400 активни вулкани. За споредба, на територијата на Северна Америка има едвај 100.

3

Месечината на Јупитер, Европа, е 4 пати помала од Земјата, но научниците веруваат дека на неа има повеќе вода отколку во сите земски океани, земени заедно. Сферата, врз чија површина се содржи сета вода, со која располага Европа, би била 480 километри поширока отколку онаа во која е собрана сета вода на нашата планета.

4

Постои веројатност Марс да стане втор дом на човештвото, но таа е малку поголема од половина Земја. На пример, Северна Америка едвај се вклопува на една хемисфера на Црвената планета.

5

Прстените на Сатурн се вистински космички спектакл, но не “стојат” добро на Земјата.

6

Прстените на Сатурн се толку грамадни што нивната ширина вклопува 6 планети со големина на нашата. Милионите ледени делови, кои ги обликуваат, се со големина од само неколку метри.

7

Сонцето содржи 99,86% од масата на целиот Сончев систем и е доволно голема за да собере во себе 1,3 милиони планети со големина на нашата. Прилично голема ѕвезда, нели?

8

Највисоката вулканска планина во целиот Сончев систем е Олимп (Марс). Ако таа се наоѓаше на Земјата, целосно би ја зазела целата држава Аризона.

9

„Ние луѓето сме како пеперутки, кои летаат еден ден и си мислат дека тоа е засекогаш” – Карл Саган

- Реклама -