Компанјата „AmaZing Venues“ неодамна реализираше еден генијален проект кој се чинеше невозможен. Имено, тие ја претворија старата водна кула наречена „No Man’s Land“ која се наоѓа на англиското крајбрежје, во прекрасен и луксзен хотел.
Во моментов постојат соби кои имаат капацитет да сместат до 44 гости, престижни лица кои со сигурност ќе уживаат во уникатниот амбиент. За раскошот со кој блеска овој хотел говори и фактот што до него може да се стигне единствено со помош на глисер или хелихоптер. Исто така, теренот за голф, продавничките, рестораните, како и спа-центарот, носат дополнително задоволство и значително го олеснуваат престојот и го зголемуваат комфорот на ова место.