Дали знаете каква е вашата крвна група?
Ако не, тогаш овој нов уред ќе може да ви одговори буквално за 5 минути или четири пати побрзо од сегашните системи.
Развиен од португалска ученичка, гаџетот би помогнал многу во животно загрозувачки ситуации кога пациентот има потреба од итна трансфузија,а групата не им е позната на медицинските лица.
Ана Фераз создала пренослив уред опремен со мала центрифуга и контејнери за крвни тестови. Самата крв се меша со реагенс – супстанца која се користи за хемиски анализи. Потоа таа се става во уредот кој може да работи со софтверска апликација, прикачен на паметен телефон.
Во моментов прототипот дава точност од 96%, со тоа што Ферас се надева дека наскоро ќе го подобри и така ќе го направи дел од опремата во болниците и амбулантите.
Минатата недела иновативниот развој беше награденза време на финалето на меѓународниот конкурс на Microsoft за технолошки иновации, создадени од ученици.