Градот како еден од најопасните метеоролошки феномени (видеа)

градВо 1942 британски шумар во Рупкунд, Индија дошол до непријатно откритие. На надморска висина од околу 4877 метри, на дното на мала долина тој нашол смрзнато езеро полно со скелети. Тоа лето, топењето на мразот открило уште скелети, растурени на бреговите и во водата. Очигледно таму се случило нешто ужасно.

Во 1942 британски шумар во Рупкунд, Индија дошол до непријатно откритие. На надморска висина од околу 4877 метри, на дното на мала долина тој нашол смрзнато езеро полно со скелети. Тоа лето, топењето на мразот открило уште скелети, растурени на бреговите и во водата. Очигледно таму се случило нешто ужасно.

Тим на National Geographic бил испратен да ги испита коските во Езерото на Скелетите во 2004 година. Покрај тоа што открил дека скелетите потекнуваат од 850 година од новата ера, тимот открил дека секој скелет припаѓал на човек убиен од удари со тапи предмети, со големина на топче за тенис, по главата и рамениците.

град

Тимот од ова извлекол заклучок дека во 850 година, група од околу 200 патувачи ја преминувале долината кога одненадеш започнало да паѓа град. Една народна песна од областа опишува како некоја божица била толку лута што туѓинци влегле во нејзиното планинско светилиште што ги убила со камења од мраз „тврди како железо“.

Иако ретко се случува некој да умре од град (поголеми се шансите човек да биде удрен од гром) сепак не се работи за аномалија. Во оваа статија ќе ги разгледаме најсмртоносните и најскапите појави на град, како и најголемите примероци.

{youtube}OFv2W7Duqiw{/youtube}

Последниот смртен случај се случил во САД, во 2000 година, во Форт Ворт, Тексас кога 19 годишниот Хуан Осегуера бил погоден во главата од парче мраз со големина на тупаница. Парчињата со оваа големина се движат со брзина од околу 160 километри на час, и тежат околу половина килограм, што е исто како некој да фрлил цигла во вашата глава, што е доволно да убие човек.

Најголемото парче мраз, според Националниот Комитет за Климатски Екстреми на САД, паднало во Аурора, Небраска во 2003 и имало дијаметар од речиси 18 сентиметри. Но големината може да лаже, парчето можеби изгубило и до 40 проценти од својата маса кога удрило во куќата, а можно е дел од него да се стопил до моментот кога било најдено. Најтешкото парче мраз исто така паднало во САД, во Кофивил, Канзас во 1970 година и тежело околу 750 грама. Но, овие два рекорди беа скршени на 23 јули 2010, парче мраз со дијаметар од 20,32 сентиметри и тежина од 870 грама паднало во Вивиан, Јужна Дакота

град

Но, за парче мраз да убие некого треба да достигне минимална големина, немора да биде огромно. Во 1979 година, бебе умрело кога парче мраз со големина на пинг-понг топче го погодило во главата вo Форт Колинс, Колорадо, додека мајка му трчала барајќи заштита. На 13 мај, 1939 година, во близината на Лубок, Тексас, 39-годишен фармер умрел како резултат на повреди заработени откако почнало да паѓа град додека тој се наоѓал во поле, а четиринаесет годишно момче било убиено од град додека работело на поле во Ларедо, Тексас во 1928 година.

Градот може да убие и индиректно, како во 1986 кога во близина на аеродромот Адисон во Далас, Тексас парче мраз го скршило ветробранското стакло на мал авион, по што авионот се срушил и пилотот умрел. Во Ориент, Ајова, во август 1980 година, кога посетителите на луна парк биле заглавени на рингишпил за време на бура во која паѓале парчиња мраз со дијаметар од 7,5 сентиметри, четириесет и седум луѓе имале сериозни повреди.

{youtube}wZr8jXo1Uso{/youtube}

Но и покрај сите овие случаи, градот не е толку честа причина за смрт во САД. Индија и Кина имаат далеку повеќе вакви случаи. Во провинцијата Хенан во Кина, 22 (според некои извори 25) луѓе биле убиени од град, а уште девет умреле за време на бура во 2003 година во Префектурата Дингзи. Во 2009 година бура со град предизвикала 14 жртви и уривање на зграда во провинцијата Анхуи. На 14 април, 1986 година, парчиња мраз со големина на грејпфрут паѓале во Гопалганџ, Бангладеш. Огромните парчиња мраз кои тежеле речиси еден килограм убиле 92 луѓе. Во Гинисовата Книга на Рекорди едно парче мраз од оваа бура е заведено како најтешко со тежина од 997 грама. Во 1932 година, Кина била погодена од бура со град за која се мисли дека убила над 200 луѓе, бројка блиска до онаа од Езерото на Скелетите. Во Клаусенбург, Романија, во 1928 година шест деца умреле за време на прослава на Први Мај.

Ако одиме уште наназад во историјата, наидуваме на официјално најсмртоносната бура со град, на 1 мај, 1888, град убил 246 луѓе во Морадабад, Индија. Не е сигурно колку од овие луѓе биле директно убиени од парчиња мраз, а колку биле онесвестени поради удар, а потоа закопани под мраз по што смрзнале, но сепак, бројката е огромна.

град

Град се формира во центарот на облаците од кои настануваат бури, од капки вода чија температура е под нулата. Овие капки остануваат во течна состојба се додека не допрат нешто цврсто – „јадро на кондензација“ може да биде било која цврста честичка, прав, сол, па дури и саѓи – по што капките инстантно се кристализираат од течност во мраз. Ако капките не најдат цврста честичка, тогаш паѓаат во облик на „замрзнат дожд“, и се претвараат во мраз кога ќе удрат во тврд предмет (куѓи, автомобили, електрични и телефонски кабли па дури и луѓе).

Овој процес формира мали парчиња мраз познати како зрнца мраз – непријатни, но далеку од смртоносни. Но, струењето на воздухот може да ги однесе овие зрнца мраз нагоре со брзина од над 160 километри на час, каде што тие зрнца стануваат јадра за кондензација за други капки смрзната вода. Новите парчиња мраз почнуваат да паѓаат, но ако има доволно силно воздушно струење тие можат повторно да бидат однесени нагоре. Овој процес може да се повтори неколку пати, со што парчето мраз станува сè поголемо. А во екстремно ретки случаи ваквите големи парчиња мраз можат да се судрат и да формираат огромни парчиња мраз. Која големина можат да ја достигнат овие парчиња? Според книгата „Чудно Време“ на Пол Сајмон, на 17 март 1939 година, парче мраз со тежина од 3,4 килограми паднало во Хидерабад, Индија. На 4 јуни, 1953 година, грутки мраз со тежина на возрасен човек паднале во јужна Калифорнија. Но, дефинитивно најголемото парче мраз кое паднало од небото било документирано во 1849 година во Единбуршкиот Нов Филозофски Журнал:

„Веднаш по најгласниот удар на гром, големо парче мраз со неправилна форма, со обем од околу 6 метри, падна во близина на куќата. Мразот имаше убав кристален изглед, и беше речиси провиден, освен неколку парчиња град кои се залепиле за него. Беше составен од мали парчиња со облик на дијамант големи од 2,5 до 7,5 сентиметри, кои смрзнале заедно. Тежината на ова парче мраз не можеше да биде измерена, но среќна околност е што не паднало врз куќата на господин Мофат, бидејќи сигурно ќе ја срушеше и ќе ги убиеше луѓето кои се наоѓале внатре.“

Иако џиновски парчиња мраз како ова се аномалија, и смрт предизвикана од град е ретка појава, честите бури со град прават проблеми на потрадиционален начин, уништувајќи градби, посеви и добиток. Во САД, штетите предизвикани од град се речиси милијарда долари годишно, повеќе дури и од торнадата. На 10 април 2001, бура со град го погодила Сеинт Луис, Мизури, предизвикувајќи штети од речиси две милијарди долари, со што стана една од најскапите вакви бури во историјата.

град

Интересно е што градот има влијание и врз историјата. Во јули 1788 година, бура со град ги уништила посевите во Франција, што било причина за најслабата жетва од 1748 до тогаш. Како резултат на ова фармерите и селаните, кои веќе биле фрустрирани од недостаток на помош од благородништвото, останале без храна и почнале да се бунтуваат… И така започнала Француската Револуција. [Hail No: An account of the worlds biggest, deadliest hailstorms]

- Реклама -