Пет невообичаени работи што ги полудуваат мажите

Точно е дека мажите сакаат да ги меркаат сите жени што носат мини-здолништа, но постојат неколку помалку познати нешта што можат буквално за десетина секунди да ги возбудат речиси сите мажи на светов.

Маичка што се проѕира

За машките очи вистински празник е кога жената носи прозирна маичка, а особено ако таа ги истакнува нејзините брадавици. Тоа нив ги излудува и веднаш ја активира нивната бујна фантазија.

Директен поглед

Кога ќе видите дека некој згоден маж ве гледа, вратете му со директен поглед, затоа што тие тоа буквално го обожаваат. Можеби тој би се завртил по сечие деколте, но кога жената ќе го застрела со поглед, во него ќе се роди бура од возбуда.

Мачкање кармин

Жените што мислат дека мажите сакаат нежно намачкани усни со кармин или сјај грешат, затоа што тие, всушност, сакаат да ве гледаат додека го нанесувате со главата наведната нанзад, подзатворени очи и полуотворени усни. Таа глетка е речиси исто толку возбудувачка колку што е и сексот.

Природна убавина

Мажите обожаваат девојки што носат износени маички, коса собрана во репче и блага или никаква шминка. За нив тоа е навистина искрена и убава глетка.

Освојување со храна

Многу истражувања покажуваат дека сите приказни што секојдневно ги слушаме во врска со храната и со сексот се во голема мера вистинити. Мажите многу сакаат кога жените ги освојуваат со храна, а особено ако девојката експериментира, или, пак, го подготвува неговото омилено јадење.

- Реклама -