Една од најпопуларните игри во историјата на мобилните телефони, љубителите наскоро ќе можат да ја играат на своите паметни телефони.
Играта „Змија“ прв пат се појави во 1997 година на мобилниот телефон Nokia 6110, а наскоро ќе добие своја современа верзија.
Финецот Танели Арманто, создавачот на оригиналната верзија, во моментов со студиото „Румилус дизајн“ работи на создавање на апликација со наслов Snake Rewind.
Играта ќе биде достапна на iOS, Android i Windows Phone уредите од следниот четврток, откри Арманто.
На веб сајтот се наведува дека апликацијата може да се симне бесплатно, но дека надградбата ќе се плаќа.