Шангај 2015: Хибридна Toyota Corolla

Во Шангај јапонскиот производител Toyota претставува хибридна верзија на популарниот модел Corolla. Автомобил влегува во продажба во Кина од втората половина на годината, а производството ќе се врши на локално ниво.

Погонот на Corolla Hybrid доаѓа од добро познатиот хибриден систем на компанијата, вклучувајќи 1.5-литарски бензински агрегат, помогнат од електромотор, напојуван од батерии. Просечната потрошувачка на гориво е во рамките на околу 4 литри на 100 километри во мешовит циклус.

Разликите во екстериерот и ентериерот на хибридната верзија во однос на обичниот модел се доста мали и се ограничени на некои нови елементи само во предниот дел.

- Реклама -