Uni-cub на „Хонда“ со деби на Expo Milano

Honda Motor Co., Ltd. најави дека уредот за персонална мобилност, UNI-CUBβ1, ќе направи европско деби во павилјонот резервиран за јапонските компании на саемот Expo Milano 2015, кој веќе започна и ќе трае до 31 октомври.

Персоналот во јапонскиот павилјон ќе се придвижува со UNI-CUBβ, а истовремено ќе им се овозможи доколку посакуваат да го пробаат и  посетителите. Ним ќе им биде прикажан и Live Performance Theatre – интерактивен театар, каде ќе бидат на одреден начин манифестирани можностите на овој уникатен уред. UNI-CUBβ е развиен за лична употреба,  практичен и функционален.

Од почетокот на април 2014 година Honda започна да дава под наем UNI-CUB β на бизнис клиенти во Јапонија. Како една од најнапредните технологии во Јапонија, UNI-CUB β треба да одигра сериозна ролја во претставувањето на Honda на футуристички простор на Expo Milano 2015.

„Нахранија планетата со енергија за живот“ е главната тема на Expo Milano 2015. Ова шоу е третото по големина во овој век, по Expo 2005, која беше во префектурата Аичи во Јапонија и Expo 2010 во Шангај, во Кина. За Expo Milano 2015 во рамките на темата „Хармонична разновидност“, Јапонците ќе претстават различни достигнувања во областа на земјоделството, шумарство и рибарство, како и искуства од подготвувањето на јапонска храна.

- Реклама -