Идеален хумор = идеален секс

Да се најде совршениот партнер, кој притоа многу добро знае како да ве задоволи во креветот, не е едноставна мисија. Сепак, се чини дека една мала „ситница“ може јасно да покаже како ќе си поминете во спалната соба.

Најновото истражување на универзитетот во Албани открива дека за секоја жена, идеален сексуален партнер е оној маж што ја има нејзината или слична смисла за хумор. Се покажува дека кон момците кои ги сметаат за духовити, девојките не само што имаат поголема сексуална желба, туку и со нив доживуваат поинтензивни и почести оргазми.

Исто така, доказ за тоа колку е важно мажот секогаш да знае да ја насмее е и тоа што девојките крај духовитите момци се чувствуваат и посигурни, поприврзани, а на прељуба не ни помислуваат.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

„Луѓето кои имаат смисла за хумор се попривлечни како партнери и поуспешни во љубовните освојувања. Тоа е посебно изразено кај мажите кои токму со духовитоста фаќаат девојки. Клучот е во тоа што смислата за хумор претставува јасен знак дека таа личност е интелигентна и снаодлива, а во денешниот свет овие особини се неопгодни. А жените се потполно свесни за ова“, објаснува антропологот Гил Грингрос, автор на истражувањето.

- Реклама -