Раскошни здолништа од тул

Во раскошното здолниште од тул, сигурно нема да останете незабележани, без разлика дали носите кожна или тексас јакна, чизми или балетанки.
Урбаниот стил на Кери Бредшо оваа сезона е во експанзија, популарен е кај младите девојки, но и кај дамите кои можат да се пофалат со совршено извајани нозе. Во раскошното здолниште сигурно нема да останете незабележани, без разлика дали ја носите со кожна или тексас јакна, чизми или балетанки.

10-pomalku-poznati-fakti-za-sex-and-the-city-09

Изборот на бои е огромен, од нежно бела, беж до пудрасто розева, шик црвена, елегантна црна, која можете да ја носите во комбинација со атрактивни модни детали ( накит, ремен).

Ако не сте љубители на силните бои, белото золниште од тул е идеално за вас, бидејќи можете да го носите со едноставни маици, блузи, лесни џемепри, кошули…

14320435323_7fa79e7573_o-700x1049

Интересни комбинации

* Елегантно делумно проѕирно здолниште одлично одговара со бела кошула врзна на чвор и црни обувки со високи потпетици.

* Портокалова блуза и здолниште со многу постави во беж тонови, можете да носите со модерни обувки со четвртаста пета.

* Црно здолниште со средна должина одлично се вклопува со блуза на црно-бели линии, златен ремен и алка.

massimo_dutti_holiday_lookbook_2

* Совршената фигура уште повеќе доаѓа до израз во жолто мини здолниште и атлетска маица во топли бои на чоколадо.

* Блуза од црна чипка и здолниште од црвен тул е совршена свечена комбинација за вечерно излегување.

* Мини раскошно здолниште во нијанса на капучино одлично одговара со црна блуза со долги ракави и беж сандали на потпетица.

collage_vintage_-_whats_trend

* Здолниште од розев тул со тегет маица може да биде одлина комбинација и за работа и за прошетка.

* Црната ролка можете да ја комбинирате со здолниште од тул, во нежно розева нијанса и сребрени сандали.

* Со тексас јакна и здолниште од асиметричен крој во светлосина боја, нема да погрешите.

* Карираната кошула во црвена боја и здолниште со боја на лаванда, одлично се комбинираат со обувки од виолетов антилоп.

tulle skirts street style

- Реклама -