5 женски карактеристики кои ги освојуваат мажите

Некои луѓе се природно убави, а некои стекнале одредени квалитети со кои го привлекуваат спротивниот пол. Меѓутоа, не е тешко да го привлечете со изгледот, туку треба да знаете како некого да привлечете благодарение на вашиот карактер.
Се прашувате што е тоа што ги краси жените кои речиси секогаш добиваат што и да посакаат, а особено мажот кој им се допаѓа? Дознате во продолжение.

Жени полни со живот

Жените кои се полни со енергија и желни за живот, зрачат со некој сјај и со својот непрестан оптимизам просто како магнет ги привлекуваат мажите, а што е уште поважно – ги задржуваат крај себе.

Жени кои ги уважуваат мажите

Ваквата жена во ниеден момент нема да ве запостави, ќе слуша се` што зборувате, ќе ве гледа во очи. Ќе го окупира машкото внимание цело време, и со ваква жена нема никогаш да им биде здодевно.

jagstudios_risque_connecticut_sexy_0019

Жени кои немаат комплекси

Таа ги прифаќа сите свои доблести и маани и не паничи ако добие некој килограм повеќе. На мажите ваква жена им одговара, затоа што нив нема никогаш да им стане јасно зошто жените прават толкава тревога околу некој килограм вишок и зошто наоѓаат мани кај себе таму каде што ги нема.

Жени со голем сексуален апетит

Мажите обожуваат жени кои немаат проблем со сексуалноста. Тие сакаат отворени жени кои не се плашат да ги кажат и да ги исполнат сите свои сексуални фантазии.

Жени кои не се опседнати со изгледот

Секако дека мажите сакаат да изгледате средено, но без претерување. Во речиси секоја направена анкета, докажано е дека мажите сакаат природен изглед – без многу шминка, малку пудра, маската и сјај – и тоа е тоа.

- Реклама -