Оваа вкусна закуска е идеално решение доколку ви се најавија пријателите во посета.
Потребно е:
– 300 г. тиквички
– 1 главица кромид
– 2 лажици маслиново масло
– 150 г. крем сирење
– сол, бибер
– 30 г. пармезан,исечен на тенки ливчиња
– 8 кришки багет леб или пак чијабата леб
Подготовка:
1. Тиквичките измијте ги убаво и отсечете им ги краевите (не ги лупете). Исечете ги на коцки со големина од 1 см.
2. Кромидот и лукот исчистете ги и ситно исецкајте ги. Пропржете ги кратко, а потоа додадете ги тиквичките и продолжете да ги пржите уште околу 4 минути со повремено мешање. Тргнете ги на страна, зачинете ги со сол и бибер и оставете да се изладат.
3. Од смесата во тавата оставете 2 лажици, а во преостанатиот дел измешајте го крем сирењето. Со вилушка малку (не потполно) згмечете ги коцките тиквички.
4. Кришките леб испечете ги во тостер. Пармезанот исечете го на тенки листови.
5. Смесата со тиквички и крем сирење нанесете ја на кришките топол тостиран леб, посипете со тиквичките кои ги оставивте на страна и со тенките ливчиња пармезан.