Ако решите да патувате до Обединетото Кралство сега Google Maps ќе ви помогне да најдете повеќе од локацијата која сакате да ја посетите. Од сега ќе можете да ја истражувате и внатрешноста на неколку локации.
Google ја претстави оваа функција за Android на неколку локации во САД уште минатата година а тестирањето за Британија започна вчера. Како дел од стандардната Google Maps апликација внатрешните мапи ќе се појавуваат кога ќе зумирате на одреден дел од мапата.
Штом се фокусирате на внатрешноста ќе можете да го барате она што ве интересира. На пример, можете да зумирате на железничка станица за да го најдете најблискиот тоалет или продавница. Во стоковни куќи ќе можете да барате специфични продавници дури и ако тие са наоѓаат на различен кат.
Повеќе од 40 локации во Обединетото Кралство во моментов се достапни на Google Maps, вклучувајќи ги Британскиот Музеј, Националниот Театар, O2 Арената и Железничката Станица Падингтон. Целиот список на локации е достапен на сајтот на Google.