Имаат ли сингл девојките повеќе прилики да искусат поголемо еротско уживање како резултат на поразноликото искуство со повеќе партнери, или сексот е подобар кога сте веќе уиграни со една личност?
Трејси Кокс е познат сексуален терапевт, па се рабира, проговорува и на оваа тема.
Првиот пат е секогаш возбудлив. Но, тоа е единствениот момент во кој сексот на самците го победува сексот на паровите – единствена предност е што сето она што го гледате е ново.
Главниот недостаток на сексот во врска или брак, од друга страна, лежи во фактот што нема многу ново или непознато. Затоа луѓето често вршат прељуба и обично завршуваат како губитници, бидејќи мал е бројот на луѓе кои сакаат да имаат секс со личноста која ги изневерува.
Дури и ако во денешно време е прифатливо да имате секс за една ноќ, еден дел од луѓето би сметале дека тоа е недозволиво – што повторно го прави таквиот секс повозбудлив.
„Сексот без обврски е себичен: двајцата сте во кревет поради лично задоволство. Таквиот секс е само физичко искуство, а кога е се’ готово, најчесто би се чувствувале празно. Сексот на тие што не се во врска е многу поврзан со тоа каде се наоѓате моментално во животот, како се чувствувате, што барате и посакувате“ – вели Трејси Кокс.
Ако сте млади, се чувствувате секси, изгледате привлечно. Ако баш и не сте толку млади, се чувствувате дебело. Иако сексот на самците има свои предности, ако го имате вистинскиот партнер, тогаш сексот во врска е вистинската работа.
Иако можете да имате сјаен секс со личноста во која не сте заљубени, сексуалниот однос со саканата личност му дава на поимот „оргазмично“ ново значење.
„Оргазмите се почести и константни, и доста добро се познавате. Емоционалната врска го прави сексот бескрајно убав. Се сакате и сакате да му пружите задоволство на вашиот партнер. Пресудната работа е довербата “ – објаснува терапевтката.