Веќе долго време загаденоста во нашиот главен град е над дозволеното ( види графикон), па затоа веруваме дека ова научно истражување треба да нè засега.
Подолгото изложување на високи нивоа на загаден воздух доведува до промени во мозокот, предупредуваат научниците.
Ново истражување потврдува дека продолжената изложеност на дури ниски нивоа на загаден воздух може да доведе до оштетување на мозокот, што согласно со возраста може да вроди и невролошки пореметувања, соопштија од медицинскиот центар во кој што било спроведено истражувањето.
Истражувањето е извршено од страна на тим под раководство на Елиса Вилкер од медицинскиот центар Бет Израел и Универзитетот Харвард. Екипата го тестирала долгиот ефект од изложеноста на содржаните честички во воздухот, чии што димензии се помали од 2,5 микрони во дијаметар. Помеѓу 1995 и 2005 година научниците користеле магнетна резонанца за да ги истражуваат мозоците на над 900 здрави доброволци над 60-годишна возраст кои живеат во реонот на Бостон и Њујорк. Така било утврдено дека зголемената тежина на фини честички со 2 микрограми на кубен метар воздух е поврзана со 0,32 отсто намалување на обемот на мозокот и со 46-процентно зголемување на ризикот од т.н. тивок мозочен удар.
Подетално за загаденоста во другите региони во земјава, можете да видите ТУКА.