Елон Маск, шефот на иновативната и амбициозна компанија Tesla, добил ново зголемување на својот личен доход, поради укинувањето на досегашната минимална цена за работен час во САД.
Новото ниво на минималната цена, преку Океанот, е 9 долари за час.
Ова ќе ја примора Tesla да го зголеми личниот доход на својот сопственик и CEO – Елон Маск, кој демонстративно работи за можно најниската плата во САД од основањето на компанијата, па наваму. Зголемувањето на минималната дневна стапка доведе до „повишица“ на годишната плата од 35.360 на 37.440 долари. Тоа е горе-долу половина од цената на најевтиниот модел на компанијата.
Но, познато е дека Маск не ги зема овие пари, а платата му се префрла во афирмативни фондови на компанијата. Но, дали е Маск за жалење, секако тој не е на леб и вода, само за 2012 година на неговата лична сметка „легнале“ 78,2 милиони долари, исплатени на име премии. Покрај тоа, тој е сопственик и на 26,7% од акциите на Tesla, чија пазарна оценка во моментов е 7,8 милијарди долари, па на крајот на годината доби и дивиденда!