Живееме во суров и брз свет.
Од почетокот на развојот на човештвото до денес техниката постојано се развива и модернизира . Инженерите, конструкторите и архитектите се натпреваруваат да создаваат нови машини, возила и футуристички згради, но излегува дека во повеќето делови на земјата луѓето уште се борат со транспортот и нелогичноста која не остава простор за правење на избор.
Безбедноста , која треба да е приоритет е последното нешто за кое што размислуваме, кога роковите се кратки, а средствата не стигнуваат.
Возилата често имаат ограничување за тоа колку тежок товар е безбедно да превезуваат. Во зависност од отпорноста на конструкцијата товарните возила, скутери, велосипеди, моторни трицикли или возови се дизајнирани за одреден број патници и багаж. Но ограничувањата за зафатнина и оптоварување не се никаква пречка за корисниците. Тие измислуваат неверојатни начини да превезуваат огромни товари дури и со најмалите средства за транспорт.
Во некои краишта на светот лудите решенија за превоз на патници и товар се секојдневие. Таму луѓето искрено немаат избор . Но сигурно ризичните потфати едвај чинат, ако спроти нив на вагата се стави човечкиот живот.
Погледнете 15 фотографии од различни страни на светот кои ја демонстрираат човечката генијалност , неодговорност и секојдневие.