После 43 години мирување, Калбуко, 2000 метри високиот вулкан во Чиле, еруптираше два пати во изминатите денови, поради што евакуираше повеќе од 4000 жители од околните градчиња. Најзагрозен е пристанишниот град Пуерто Монт. Властите ги предупредија оние кои живеат во радиус од околу десет километри околу вулканот за опасноста од вулканската пепел. Чиле го има вториот најголем ланец вулкани во светот по Индонезија. На интернет се појавија неверојатни фотографии од застрашувачката моќ на природата.