Мажите би земале жена што не ја сакаат, а жените?

Повеќе од 30% од мажите признаваат дека би склучиле брак со жена, дури и ако не чувствуваат љубов кон неа. Кај жените не е баш така.

Стереотипите дека жените сакаат свадба по секоја цена, а мажите се оние кои избегнуваат врзување на долги стази беа демантирани со новото истражување спроведено на над 6000 претставници и на двата пола.

Всушност, резултатите покажуваат дека реалноста е малку поинаква. Имено, мажите се посклони да направат компромис и да се оженат со избраничка во која не се заљубени. Речиси една третина од посилниот пол (31%) признаваат дека би стапиле во брак со партнерката која ги поседува сите квалитети на идеалната сопруга, иако не доживуваат вистински чувства кон неа. Од друга страна, за 21% од нив, тоа значи и дека се спремни да се оженат со жена кон која не доживуваат сексуална привлечност.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

Жените пак поретко би се решиле на таков чекор. Кај нив само 23% се подготвени да му го кажат судбоносното „Да“ на некој што не го сакаат.

- Реклама -