Мелани и Ванеса Ирис Рој од Северна Каролина се надеваат дека оваа нивна фотографија ќе ги охрабри сите лезбејски двојки да станат мајки.
Фотографијата на која Мелани и Ванеса позираат бремени и се бакнуваат на плажа стана голем хит на Фејсбук, и тоа само за неколку дена собра преку 150.000 „лајкови“. Се разбира, девојките се најдоа во центарот на вниманието.
Во низата фотографии на лезбејскиот пар од Северна Каролина тие документирале како основале семејство. Корисниците на социјалните мрежи ширум светот буквално полуделе за Мелани и Ванеса бидејќи во нив пронашле две многу инспиративни личности.
Всушност, овие две убави девојки, кои се во хомосексуална врска, одлучиле во време од една година да родат деца. Фотографиите се во секоја фаза на бременоста, а како плод на нивната љубов на светот ги донеле, синот Џекс и ќерката Еро.
Кога пред неколку месеци, на својот Фејсбук профил ја поставиле фотографијата во напредна фаза на бременоста, на која двете се со голем бремен стомак, собраа над 150.000 „лајкови“ и станаа вирални.
Во продолжение погледнете ги фотографиите.
They own my ❤️ #theroys #jaxizzoanderokix
A photo posted by Mel Roy (@therealmelroy) on