Кога ќе ги погледнете фотографиите на германскиот уметник Јоерг Достервалд ќе останете импресионирани од прва.
Јоерг е боди-арт уметник, тој слика по човековото тело, а конкретно во случајов се зафатил со женски модел кој до најситен детал го соединил визуелно со природата.
Достервалд се занимава со овој тип на уметност веќе 20 години. Неговите дела се многу комплицирани, бидејќи е неопходно да се ускладат опкружувањето со боите на моделот, а во исто време да се пронајде и вистински момент за фотографирање со оглед на осветлувањето, со цел да се добие квалитетна фотографија.