Три предмети што децата треба да ги учат на училиште, за да стане светот подобар

Како поранешен учител, кој што поминал 7 години во системот, морам да кажам дека навистина ме загрижува скриениот тренд да ги воспитуваме своите деца во страв и послушност.

Да, вистина е дека тие апсорбираат корисни знаења и добиваат важни информации, но често тоа е по цената на нивното здравје и благосостојба. Модерните училишта  најчесто не успеваат во обидот да ја користат и поттикнуваат силата на младите умови, бидејќи поттикнуваат рутина, а не иновативност.

Друг проблем е што ние едноставно не ги учиме децата на она што ним навистина им е потребно за да бидат успешни во животот. Важно е да ги знаат основите на математиката, науката и читањето за да преживеат во современиот свет, но исто така е важно да научат како да го развиваат својот потенцијал. Само со некои мали измени би можеле навистина да го подобриме квалитетот на образованието, доколку додадеме неколку нови предмети , чија цел ќе биде да им помогнат на децата да се претворат во здрави и успешни возрасни луѓе. На овој начин ќе започнеме да го менуваме светот кон подобро. Еве кои се тие три предмети …

1. Медитација

„Ако секое 8-годишно дете научи да медитира, ќе го елиминираме насилството за една генерација.” – Далај Лама

Медитацијата е одлична практика, но за жал е неразбирлива за огромен дел од луѓето. Медитацијата го прочистува умот од вознемирувачки мисли, помага да се фокусираме, го подобрува вашето психичко и физичко здравје. Колку прекрасно би било ако секое утро учениците медитираат по 10 минути пред почетокот на наставата. Тие би ги започнувале своите утра повеќе фокусирани и со мир во душата, наместо да бидат под стрес и хаотичост. Сигурна сум дека тоа би имало огромен ефект и врз начинот на кој би ја владееле материјата, како и врз нивното однесување како целина. Покрај тоа, 10 минути медитација многу лесно можат да бидат сместени во програмата. Повеќето наставници имаат потреба од неколку минути пред почетокот на часот, додека учениците се фокусираат. Овие неколку минути мирно би можеле да се користат за медитација.

6869904

2. Правилна исхрана

Зошто ние, наставниците, не ги учиме децата како да се грижат за своите тела?

Не ги учиме нашите деца колку е важна исхраната која што е богата со корисни материи, колку се опасни ГМО производите. Геномодифицираната и спакуваната храна, која стои на полиците и со која се хранат нашите деца, во голема мера е одговорна за болестите во денешното општество. Кога рекламата промовира нездрава храна, не е ли важно да им дадеме можност на децата да донесат информирана одлука со што да се хранат? За жал, сум видела од прва рака што претставува “ручекот” во училиштата. Уште многу пат треба да се изоди во насока на здравата исхрана. Мислам дека образовниот систем би пројавил мудрост, ако почне да ги едуцира децата и младите за важноста на ВИСТИНСКАТА храна. Треба да бидеме искрени со децата за она што навистина се случува со храната. Да признаеме, по 20 години правилната исхрана ќе има многу поголемо влијание врз нивните животи отколку питагоровата теорема.

Kids eating a healthy meal

3. Законот на привлекување

Од многу рана возраст ни се наметнува дека постојат правила кои треба да ги следиме, како и специфичен пат кој треба да го изодиме, ако сакаме да успееме.

Многу од нас ја прифаќаат идејата дека треба да завршат универзитет и да најдат пристојна работа, ако сакаат да бидат успешни во животот. Овој начин на размислување спречува многу млади луѓе да ја истражуваат својата вистинска страст, да ја распоредат и да се збогатат преку неа. Ако ги научиме адолесцентите дека секој може да го користи Законот на привлекување, за да создаде успешна кариера од својата страст, би можеле драстично да го промениме светот на подобро. Ќе се појават нови можности за кариера, иновативноста ќе скокне. И уште поважно: луѓето ќе бидат среќни затоа што ќе го прават она што навистина го сакаат, наместо да го потрошат својот живот со работа, која не ги инспирира. Ако ги запознаеме учениците со Законот на привлекување уште од најрана возраст, ќе ги охрабриме да ги реализираат своите соништа и да живеат инспирирани. Се разбира, не можам да не ја признаам големата улога на образованието денес. Истото поттикнува да учиме слободно литература, математика, социјално знаење и наука … Но и покрај тоа сферата во која ги учиме нашите деца, е многу ограничена, па има шанси да го пропуштиме нивниот потенцијал во одредена област. Верувам дека го пропуштаме најважното, она што навистина им е потребно за да бидат среќни и успешни во иднина.

Smiling Girl with Hands Covered in Paint

Го напишав сето ова не само како човек кој има работено во системот, туку пред сè како мајка која сака подобра иднина и подобар живот за своите деца. Верувам дека многу луѓе мислат како мене. Можеби заедно би можеле да ја започнеме промената …

Автор: Андреа Шулман

- Реклама -