Андерсон Купер призна дека е геј

Познатиот водител на CNN и воен известувач Андерсон Купер, јавно призна дека е геј. Иако веќе долго кружат гласините за неговото сексуално определување, Купер до сега јавно не зборуваше за тоа.

– Факт е дека сум геј, отсекогаш сум бил и секогаш ќе бидам. Многу сум среќен, добро се чувствувам во својата кожа и се гордеам со себе – напишал Купер во имејл до неговиот колега колумнист Ендру Саливен, кој е исто така хомосексуалец.

Саливен ги објавил зборовите на Купер во неговата колумна на сајтот The Daily Beast, откако добил согласност за тоа.

Како главен аргумент за досегашниот молк во врска со неговата сексуална ориентација Андерсон ја навел својата работа. Тој објаснил дека од професионални причини сакал да сочува дел од приватноста.

Меѓутоа, тој продолжил велејќи дека повеќе не сакал да молчи, притоа назначувајќи дека со молчењето се создава погрешно мислење дека се обидува да сокрие нешто од што се плаши. Додал дека треба да зборува отворено за себе и за својот сексуален живот, како реакција на дискриминацијата на младите луѓе поради нивната истополова ориентација.

Од CNN немаат коментар во врска со неговото писмо, бидејќи Купер сакал тоа да говори само по себе.

- Реклама -