Како најбрзо да сопрете „течење на нос“ – народен лек

Како да го решите овој проблем за пет минути? Одговорот го има еден кинески лекар.

Луѓето често не обрнуваат внимание на тоа дека течењето на носот може да доведе до посериозно заболување, а покрај тоа оваа настинка, успева и да го отежне животот буквално на секој.

Масирањето на одредени точки на лицето може да му помогне на организмот брзо да заздрави и да ја активира внатрешната сила.

Ова ефикасно решение за споменатиот проблем го предлага Ли Хансен, доктор по кинеска медицина.

Точка број 1.

Ако ја продолжите линијата на образите, оваа точка ќе се најде директно над почетокот на носот.

Точка број 2.

Симетрични точки на двете страни од лицето. Едвај забележлива, вдлабната околу два сантиметри од надворешните рабови на образите. Треба да ги притискате истовремено.

Точка број 3.

Двете симетрични точки на почетокот на носот, во близина на работ на очните капаци. Масирајте ги истовремено.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Точка број 4.

Симетрични точки оддалечени пола сантиметар од носот.

Како да масирате?

Сите овие точки треба да ги масирате со врвовите од прстите по една минута. Притискајте силно, но никако до болка. Не е важно во која насока. Важно е да имате чувство на притискање на одредена точка. Течењето на носот ќе престане практично по првиот пат. По потреба повторете 2-3 пати во денот.

Како делува ова?

Кинеската медицина смета дека најважното нешто е правилен проток на крв до мускулите и ткивата, Ако некаде во организмот настане стагнација на крв, тогаш на тоа место започнува развој на болест. И спротивно – ако се обезбеди соодветен проток на крв, организмот ќе биде во состојба да излечи болест. Затоа масажата на клучните точки помага кон заздравувањето.

Погледнете видео од целата постапка.

- Реклама -