118 мали острови, 180 канали, 450 моста и величествени палати , датираат од ренесансата до XVIII век – вака низ бројки изгледа градот на љубовта .
Венеција е основана од страна на германските племиња кои се населиле во Северна Италија во V век, претворајќи ја последователно во најважното трговско пристаниште во Средоземното Море , кое во најголемите златни години располага со над 3.000 трговски бродови и 300 други пловни објекти.
Венеција, освен тоа што е најромантичното место на светот, е и град на големите умови, таленти, настани, злосторства и откритија, победи и порази … Венеција е позната уште како „Кралица на Јадранот“, „Градот на вода“, „Градот на мостовите“ и „Градот на светлината“.
А сега да се нурнеме во магијата на Венеција.