За што луѓето лажат најмногу на првиот љубовен состанок?
Луѓето имаат тенденција да лажат уште на првата средба, со тоа што посилниот пол најчесто ја преувеличува финансиската состојба, а дамите сокриваат неколку години.
Резултатите од истражување спроведено на оваа тема покажуваат дека 37% од жените имаат тенденција да излажат за вистинската возраст на првата средба.
Главната машка лага на почетокот се однесува, пак, на материјалната состојба. Имено, за бројот на нулите во платата лажат 29% од испитаните мажи.
Освен за парите кои ги заработуваат, претставниците на посилниот пол (18%) ја менуваат вистината и за претходната врска или сокриваат дека биле во брак.
14% од девојките одат до поголеми крајности и користат дури и лажни имиња, а голем дел од нив си смислуваат лажна професија и степен на образование.
Логично ако односот доведе до неколку состаноци, врската се прекинува најчето поради овие лаги, кои ги кажуваме со цел поголема допадливост.