Како правилно да ги исчистите ушите?

Кога ќе вметнете стапче за чистење во ушниот канал, тоа го узурпира природниот процес на отстранување на восокот и може да доведе до негово зголемување на производството.

Ушниот восок е една од оние течности кои за нас се надвор од видот, а со самото тоа и надвор од умот. Односно, се додека не ставиме стапче за чистење во ушите, всушност не сме свесни колку тие се навистина чисти Но, последната работа која треба да ја направиме е токму тоа, да ги ставаме во ушите овие стапчиња со памук.

Еве за што станува збор, ушниот восок е создаден од церумен, кој е задолжен за тоа кожата во увото да биде влажна, и мртви клетки на кожата од кои ушниот канал се ослободува како и остатокот од нашето тело. И можеби секогаш не изгледа така, но нашите уши се дизајнирани да се чистат самите туркајќи го восокот надвор од увото.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Меѓутоа, кога ќе вметнете стапче за чистење во ушниот канал, тоа го узурпира природниот процес на отстранување на восокот и може да доведе до негово зголемување на производството. Притоа, на ваков начин можете да го турнете восокот подлабоко во увото и да создадете блокада која ќе мора да ја отстрани доктор.

Имајќи го предвид ова, треба да ги заборавите и сите други начини за чистење на ушите.

Сепак, постои една работа која може да ја направите за да го отстраните восокот од ушите. Капнете малку водород пероксид пред да влезете да се бањате. Пероксидот, восокот ќе го претвори во течност и ќе помогне да се испере.

Понекогаш и сувата кожа во ушниот канал може да доведе до насобирање на восок во ушите. Доколку ви се случува ова, ставајте по неколку капки минерално масло секој ден во увото за да ја помогнете хидратацијата.

- Реклама -