Шареноликата страна на Истанбул

Фотографијата на Истанбул е речиси секогаш иста – високи џамии, богато украсени палати, стари улици, чаршии и галеби над Босфорот.

Нема сомневање дека Отоманската империја оставила неизбришлива трага врз панорамата на градот со нејзината величествена архитектура, но има еден дел од Истанбул – модерната страна – која луѓето ретко ја гледаат.

32-годишниот архитект и фотограф Јенер Торун ја документираше онаа непозната димензија на овој познат град и ја сподели на својот профил на Инстаграм.

„Мојот основен мотив е да покажам една поинаква, помалку позната страна на Истанбул, за да избегаме од онаа типична димензија и ориентална перцепција. Барав силни линии, живописни бои и геометриски мотиви“, вели Торун.

Тој додава дека дури и оние кои живеат во Истанбул често не можат да поверуваат дека овие фотографии покажуваат дел од нивниот град.

Погледнете…

3(1119) 4(1041) 7(687) 11(301) 12(252)

- Реклама -