Инвентивноста на луѓето не познава граници, а овој човек е уште еден доказ за тоа.
Имено, Џонатан Деjгaн, ака j.viewz, е 31-годишен музичар, продуцент и текстописец, кој живее во Бруклин, Њујорк и создава музика со помош на најнеочекувани објекти.
Во видеото подолу ќе го видите како купува вкусно овошје и зеленчук, доаѓа дома, ги поврзува кон Makey Makey вклучен кон синтисајзер, и магијата започнува. Доматот станува бас, а грозјето – ѕвона. Печурките и кивите пак издаваат различни електронски звуци.
Вооружен со сиот овој плод и зеленчук, Дејган успева да ја изведе “Teardrop” на Massive Attack. При тоа доста успешно. Слушнете 🙂