Босилекот е најпознатата лековита билка од Индија, не само поради лековитите својства, туку и поради влијанието врз мозокот, телото и духот.
Босилекот многумина го сметаат за најсветата билка на светот, која има исцелувачка, прочистувачка и духовна моќ. Тоа е најпознатата лековита билка на Индија, ценета повеќе од илјада години.
Светиот босилек се користи за третман на бројни болести, како што се настинка, треска, болки во грлото, кашлање, бронхит, астма и срцеви заболувања. Ефикасно ги смирува нервите, а познато е дека ги зголемува и меморијата и менталните способности, барем така тврдат Индијците.
Во оваа култура, босилекот има свое посебно место поради суптилната моќ на заштита и прочистување, па многу Индијци околу вратокот носат ланче со делче од нејзините стебла. Велат дека истата штити од сите негативни влијанија, додека во исто време поттикнува духовен напредок.
Одгледувањето на босилек во домот им носи благодет на сите членови на семејството.
Се верува дека редовното одгледување на оваа билка, нејзиното полевање и кружење околу неа, во насока на стрелките на часовникот, ја прочистува личноста од лоша карма и гревови.