Најбрзиот воз на светот се движи со 590 км/час

Јапонскиот левитирачки воз постави нов и убедлив рекорд, достигнувајќи брзина од 590 километри на час. Тоа е дури 9км/ч побрзо од претходниот рекорд поставен во 2003-тата.

Возот беше тестиран под будното око на дури 29 техничари. Central Japan Railway, кои го направија ова транспортно средство со цел масовен транспорт на долги дестинации, се стремат да достигнат брзина од 600км/ч, и тоа дури следната седмица. Таквата брзина е поголема дури и од онаа што можат да ја постигнат некои од помалите авиони.

Од R. Central очекуваат дека возот ќе биде пуштен во промет најдоцна до 2027-та, кога би требало да вози со брзина од 505км/ч. Се очекува возот да биде транспортиран и во САД, а би се користел на релација Њујорк-Вашингтон.

Во тек е и изградбата на линијата Токио-Нагоја, која е долга 286 километри. Со новиот воз, патувањето би траело само 40 минути, што е многу пократко од патувањето што сега се одвива преку траект.

„Маглев“ возовите се базирани на левитирачка технологија при која возот се поткрева и се движи воден од магнетни полиња. Меѓу другото, огромната брзина се должи и на фактот што возот воопшто не ги допира „шините“.

maglev20train[1]

- Реклама -