Овој прекрасно уреден ентериер, кој е истовремено свеж и елегантен благодарение на топлите бои и дрвените детали, е сопственост на британската дизајнерка Џемими Вајти.
Куќата одлично го соединува животот во внатрешноста со престојот во природа, па во зелената шума е сместен и базен. Овој шармантен дом го красат и големи стаклени површини за домаќините да можат во секое годишно време да уживаат во природата.