Модерните дизел мотори се многу поопасни за животната средина отколку што претходно се мислеше.
Тоа го тврдат стручњаците од Меѓународниот совет за чист транспорт (ICCT), кои спроведоа истражување на концентрацијата на азотни оксиди во издувните гасови на современите мотори.
Научниците собраа податоци за емисиите од нафтените агрегати, но не во лабораториски, туку во реални услови, со помош на преносни системи за мерење на емисиите. Овие системи се инсталирани на возилата и мерат брзина, забрзување и дури детали како наклонот на патот, по што се направени соодветни анализи.
Вкупно 15 научници внимателно ги анализирале современи дизел автомобили (12 од Европа и три од САД) во текот на изминати 6400 километри. Излегува дека сите дизел автомобили емитуваат 7 пати поголемо количеството емисии на азотен оксид во споредба со нивната граница од екостандардот Euro 6.