На „ничија земја“ меѓу Србија и Хрватска беше најавено создавањето на „нова, независна суверена држава“ на Балканот, чија територија е околу 7 километри квадратни.
Името на новата земја е „Либерланд“. Нејзин „претседател“ е Бердих Вит Једличка.
Секој кој сака да живее во „Либерланд“, треба да го почитува принципот „Живеј и остави другите да живеат“, а не да биде екстремист.
Новата „независна држава“ е на брегот на Дунав меѓу Србија и Хрватска, во реонот меѓу Бачки Моноштор и Змајевац.
На сајтот на новата „држава“ се опишани целта и основните принципи на кои таа постои.
„Целта на нас креаторите на новата држава е да создадеме општество во кое можат да живеат чесни луѓе, и каде што државата не го загорчува животот на луѓето со непотребни ограничувања и такси. Основачите се инспирирани од Монако, Лихтенштајн и Хонг Конг”.
Вит Једличка кој е од маргинална десничарска партија, блиска до поранешниот премиер и претседател на Чешка, Вацлав Клаус, изразува надеж дека „независната и суверена Либерланд” најнапред ќе биде признаена од Србија и Хрватска, на кои се подготвува да им испрати дипломатска нота . Потоа вели дек овој пример би требало да го следат и други земји во светот.
„Либерланд“ има знаме, грб, устав и закони, и иако знамето ги брани боите едвај оваа недела, веќе раздава „државјанство“ и ги кани сите, под услов да не се комунисти, неонацисти или екстремисти, ниту пак сака лица казнети за тешки злосторства.