Mercedes-Benz S-class и во кабриолет верзија

Новата генерација на Mercedes-Benz S-Class ќе биде достапна во неколку верзии на каросеријата. Една од нив ќе биде кабриолет, која, според весникот CarAdvice, ќе се појави во 2014 година за да на одреден начин се „компензира“ прекинот на производство на луксузната марка Maybach.

Според изданието, кабриолетот на S-Сlass ќе биде многу близок до концептниот модел Ocean Drive, кој Германците го претставија во салонот во Детроит уште во 2007 година. За разлика од супер луксузниот Maybach Landaulet, кој дозволуваше отворање само на дел од покривот, отворена верзија на Мерцедес ќе биде типичен кабриолет со мек и лесно отстранлив горен дел.

Оригиналниот концепт Ocean Drive беше дизајниран со четири, но се очекува S-Сlass Cabrio да има две врати. Целта на Мерцедес е на тој начин да направи конкурент на Rolls-Royce Phantom Drophead Coupe. И тоа не само во однос на цените, туку и од гледна точка на дизајнот.

Новиот кабриолет ќе добие многу нови технологии, со кои ќе располага следната генерација на S-Сlass. Разликата ќе биде само во понудените мотори, кои ќе бидат помоќни. Ѕверката ќе добие и V12 мотор, кој беше ставен и во концептот Ocean Drive.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -