Повеќе намени за солта

солСолта е еден од најкорисните минерали и најлесно достапниот неметал во светот. На колку начини може да се користи солта? Според Институтот за Сол, околу 14000! На нивниот вебсајт тие имаат безброј совети за користење на солта за секакви намени. Овие се само дел од нив.

Солта е еден од најкорисните минерали и најлесно достапниот неметал во светот. На колку начини може да се користи солта? Според Институтот за Сол, околу 14000! На нивниот вебсајт тие имаат безброј совети за користење на солта за секакви намени. Овие се само дел од нив.

солПроверете дали јајцата се свежи
Ставете две лажички сол во мал сад со вода и додадете јајце, свежо јајце ќе потоне, постаро јајце ќе плови. Бидејќи количината на воздух внатре во јајцето расте со време, постари јајца пловат подобро. Ова не значи дека јајце кое плови е расипано, туку само позрело. Скршете го јајцето во сад за да проверите дали е расипано, ако е, мирисот ќе ви открие. Бонус факт: Ако тврдо варено јајце тешко се лупи, тоа значи дека е свежо.

Спречете го потемнувањето на овошјето
Повеќето луѓе користат лимон или оцет за да го спречат потемнувањето на излупени јаболка и круши, но истото може да се постигне и ако ги ставите во вода во која има малку сол.

Отстранете ги несаканите мириси од рацете
Ако прстите ви мирисаат на кромид или лук, најверојатно ќе ви успее да го отстраните мирисот со сапун и вода. Но истото можете да го направите и со комбинација од оцет и сол.

Продолжете го животот на четките за заби

Потопете ги четките за заби во солена вода пред да започнете да ги употребувате, ќе опстојат подолго.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Намалете ја болката од убод од пчела
Навлажнете го убодот и ставете мало купче сол за да ја намалите болката и отокот.

Убоди од комарци
Потопување во солена вода помога во намалувањето на чешањето предизвикано од убоди од комарци.

Одвратете ги мравките
Посолете ги вратите и прозорците како и сите други места од каде што можат да влезат мравки. Мравките не сакаат да одат по сол.

Гасење на пожари од маснотии

Чувајте кутија со сол во близина на шпоретот. Ако ви се запали масло, турете сол на огнот. (Никогаш не турајте вода на ваков оган, водата само ќе го распрска маслото наоколу) Кога ставате сол на оган, тој ја извлекува топлината од огнот и создава кора која не му дозволува на пламенот да дојде до кислород.

Свеќи кои не капат
Натопете ги новите свеќи во солен раствор неколку часа, потоа исушете ги, восокот нема да капе кога ќе ги запалите.

Зачувајте ја свежината на исечените цвеќиња

Ако додадете малку сол во вазната со вода, цвеќињата ќе останат свежи подолго. [Алтернативни примени за сол]

- Реклама -